Синот на лидерот на ИД Абу Бакр ел Багдади е убиен во сирискиот град Хомс, во пресметка со сириските безбедносни сили, јавија медиумите блиски до терористичката организација.
Хутаифа ел Бадри, кого го нарекуваат „синот на калифатот“, загинал во операција против сириски и руски сили кај термоелектраната во Хомс.
Агенцијата Амак, која е блиска до џихадистите, не прецизира кога бил убие синот на лидерот н Исламска држава. Објавена е и фотографија на млад човек со пушка, со наводи дека тоа е Хутаифа ел Бадри.