Франција ќе воведе задолжително носење маски во сите затворени јавни места со цел да се запре епидемијата на коронавирус, најави претседателот Емануел Макрон.
– Ќе биде задолжително да се носат маски на сите затворени јавни места – рече Макрон во телевизиското интервју, споменувајќи го 1 август како датум за воведување на оваа мерка.
Макрон рече дека има знаци за нов бран на коронавирусот во Франција, каде досега починаа над 30.000 луѓе.
– Мора да спречиме појава на нови жаришта на инфекција, но и да се подготвиме за нов бран од епидемијата – предупреди Макрон во телевизиското интервју по повод францускиот национален празник Ден на Бастилја.
– Ќе бидеме подготвени. Имаме залихи што се обезбедени, имаме организација на што ќе ни овозможи да се соочиме со нов бран, доколку го има – рече францускиот претседател.