Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека наскоро покрај Земјата ќе поминат пет астероиди. Истовремено е идентификувана и вселенска карпа од која се заканува најголем ризик од удар, но дури меѓу 2052 и 2119 година. Покрај Земјата викендов ќе поминат два астероида. Еден со големина од 37 метри, односно големина на распонот на крилата на авион „боинг 747“, додека другиот од 22 метри, што е половина од висината на Триумфалната порта во Париз.
Астероидите ќе поминат на оддалеченост нешто поголема од седум односно 4,3 милиони километри од нашата планета. НАСА, меѓутоа, укажува дека наредната недела стигнуваат уште три астероиди, од кои едниот со големина од 30 метри, а двата два од 42 метри. Тие ќе поминат на оддалеченост од Земјата од 4,5, 6,75 и 6,43 милиони километри. За споредба, Месечината е оддалечена од Земјата 385.000 километри.
Во меѓувреме, системот на НАСА регистрирал астероид за кој се проценува дека постои опасност да удри во Земјата, но не порано од 12 февруари 2052 година. Сепак, НАСА соопшти дека шансите за судар се мали и дека најверојатно астероидот ќе изгори во атмосферата, а притоа ќе приреди спектакуларен огномет.