На мексиканскиот брег на Пацификот денеска се формирал нов ураган Фабио, но метеоролозите најавуваат дека веројатно ќе премине во голема бура која, како што се очекува, нема да претставува закана за граѓаните.
Американскиот национален центар за урагани соопшти дека ураганот Фабио бил со ветар од 120 километри на час.
Центарот на ураганот е 1.125 километри јужно од јужниот врв на полуостровот Долна Калифорнија и се движел кон запад.