Наскоро Скопје ќе добие еден од најубавите авантуристички паркови во регионот, прв од ваков тип кај нас. „Авантура-паркот“ е донација од Агенцијата за млади и спорт, за рекреација, спортување и забава за деца од 5 до 12 години. Овој парк ќе се протега на површина од 2.000 квадратни метри, со реквизити безбедни за користење.
Подготовките во Ботаничката градина на скопската зоолошка почнуваат набрзо, а користењето на „Авантура-паркот“ ќе биде бесплатно за сите деца.
Паркот ќе содржи реквизити со различни нивоа на предизвик – лавиринти, дрвени куќарки, јажиња со пречки и многу други интересни содржини со загарантирана безбедност.
Со децата ќе работат луѓе што се обучени за тоа, а паркот бесплатно ќе им се отстапува на сите основни училишта во делот на физичкото воспитување за деца од 6 до 15 години.