„Б-83“ е една од двете ненаведувани бомби кои САД ги одржуваат во рамките на нивниот арсенал по Студената војна, пренесува „Нешнл интерест“. Покрај интерконтиненталните балистички ракети и другите помали нуклеарни бомби, залихите на „Б-83“ се чуваат за „итни случаи“.
Со тежина од речиси 1,5 тони „Б-83“ е најголемата нуклеарна бомба што Америка ја поседува. Нејзината моќност изнесува 1,2 мегатони, со што е значително посилна од нуклеарните бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки.
Можноста за удар на астероид на Земјата би претставувала сериозна закана. Токму затоа, Американската вселенска агенција (НАСА) дизајнираше вселенско летало со единствена намена да ги одврати вселенските тела кои би можеле да се судрат со Земјата. Леталото, односно т.н. „нуклеарен пресретнувач“ би носел шест пакети со нуклеарни компоненти од „Б-83“.
Кога би се доближил до вселенското тело, би требал со доволно силна експлозија да го уништи заканувачкиот објект. „Б-83“ може да се користи и за уништување на нуклеарни бункери, откако врз неа се направени извесни модификации. Дизајнот, сепак, никогаш не бил финализиран.
Модернизацијата на помалата нуклеарна бомба Б61, би требало да ја одржи во функција во наредните 20 години, со што „Б-83“ во иднина би била наменета исклучиво за употреба од страна на Американските вселенски сили.