Кралицата Елизабета Втора е родена као Елизабета Александра Меј во Лондон, на 21 април 1926 година. Нејзините родители се војвода и војвотка од Јорк. Во тоа време, никој претпоставувал дека малата Елизабета на крајот ќе стане најдолговечната кралица, пишува „Експрес“. Единствената причина зошто Кралицата Елизабета станала монарх е што нејзиниот чичко, принцот Едвард Осми, абдицирал од престолот за да се ожени со Американката Волис Симпсон во 1936 година. Абдикацијата го постави таткото на кралицата Елизабета, Џорџ Шести за наследник на британскиот престол.
Кралицата Викторија е позната како „баба на континентот“, благодарение на бројот на европски потомци со кои таа се поврзува и денес. Кралицата Викторија починала во 1901 година, оставајќи го престолот на својот најстар син Кралот Едвард Седми, со што нејзиното наследство продолжува да живее во монархиите низ Европа.
„Експрес“ ја истражува врска што Кралицата Елизабета Втора ја има со тројца европски монарси.
Кралицата Елизабета Втора, Кралот Харалд Петти од Норвешка, Кралот Фелипе Шести од Шпанија и Кралот Карл Шеснаесетти Густаф од Шведска, се потомци на кралицата Викторија.
Директен потомок на кралицата Викторија е кралицата Елизабета Втора, бидејќи таа има директно потекло од Едвард Седми, праправнука на Викторија.
Во однос на европската лоза, најтесно поврзан со кралицата Елизабета Втора е Харалд Петти од Норвешка.
Кралот Харалд е исто така праправнук на кралицата Викторија и потекнува од истата гранка на семејството како кралицата.
Исто како кралицата Елизабета, прадедото на Харалд бил кралот Едвард Седми од Велика Британија, со што владеечките монарси се втори братучеди.
Бабата на кралот Харалд, Мауд, била најмлада ќерка на Едвард Седми и станала кралица на Норвешка кога се омажила за кралот Хакон Седми во 1896 година. Парот имал само едно дете Олав Петти, таткото на кралот Харалд.
Кога станува збор за силни генетски врски со кралицата Викторија, се издвојува кралот на Шпанија Фелипе Шести. Најмладиот од потомците на Кралицата Викторија, Фелипе го презеде престолот на Шпанија од неговиот татко Хуан Карлос Први, по неговата абдикација во 2014 година.
Од една страна, Кралот Фелипе не може да ја поврзе неговата лоза со кралицата Викторија преку неговиот татко. Неговиот дедо по татко, Хуан, грофот на Барселона, бил син на принцезата Викторија Евгенија, ќерка на најмалото дете на кралицата Викторија, принцезата Беатрис.
Затоа пак Фелипе е поврзан со кралицата Викторија преку неговата мајка, кралицата Софија од Шпанија и преку најстарата ќерка на кралицата Викторија, принцезата Ројал.
Преку нејзината мајка, кралицата Софија која е внука на кајзер Вилхелм Втори, додека преку нејзиниот татко е внука на Софија од Прусија.
Вилхелм Втори и Софија од Прусија биле деца на Викторија, принцезата Ројал, што значи дека Софија е нивна правнука и правнука на кралицата Викторија.
Исто како Кралот Фелипе и шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф, има повеќекратни врски со кралицата Викторија.
Таткото на кралот Карл, принцот Густаф Адолф, тврдел дека е поврзан со седмото дете на кралицата Викторија, принцот Артур.
Ќерката на Артур, принцезата Маргарет, се омажила за тогашниот принц на Шведска, Густаф Шести Адолф, и со него имала пет деца, меѓу кои и принцот Густаф Адолф и кралицата Ингрид од Данска.
Мајката на кралот Карл, принцезата Сибила, има потекло од најмладиот син на лралицата Викторија, принцот Леополд.
Принцот Леополд починал на млада возраст од хемофилија, но не пред да има две деца со сопругата, принцезата Хелена – ќерката Алис и синот Чарлс Едвард.
Чарлс Едвард бил последен што владеел, Војвода на Саксе-Кобург и Гота пред на неговото семејство да му бидат одземени нивните титули поради неговата поддршка на Адолф Хитлер. Тој имал пет деца, меѓу кои е и принцезата Сибила.