Европски официјални претставници подготвија список на земји на чии граѓани ќе им биде дозволено да влезат во Европската Унија (ЕУ) од 1 јули, по забраната воведена поради ковид-19. Има повеќе од 50 земји на тој список. Од регионот на листата се Србија, БиХ, Црна Гора, Косово и Албанија, објави „Еуроњуз“.
Покрај тој нацрт, објавен е друг, со список на земји на чии граѓани нема да им биде дозволено да влезат во ЕУ, а тој нацрт предизвика контроверзии затоа што ги вклучува САД, земја со најголем број луѓе кои страдаат од ковид-19, но и Русија. Русија, Бразил и Катар се на списокот на држави на чии што граѓани им е забранет влез во ЕУ.