Во Германија повторно се појави големо жариште на ковид-19 каде што престојуваат странски државјани што работат во една кланица, при што Владата се одлучи повторно да воведе карантин за повеќе области по укинувањето на мерките. Според германските медиуми, масовната инфекција се случила во објект во кој имало најмалку 6.500 работници во државата Северна Рајна-Вестфалија каде што голем дел од нив се Романци или Бугари.
Ваквата инфекција помогна нагло да се зголеми стапката на репродукција на коронавирусот во Германија во текот на изминатата недела. Како што јави „Ројтерс“, тоа го принуди институтот за јавното здравство „Роберт Кох“ да го вклучи алармот и да ѝ предложи на сојузната влада да се врати карантинот во областа.
Институтот предупреди дека стапката на репродукција на коронавирусот во Германија за 24 часа скокна од 1,79 на 2,88. Предупредувањето сугерира дека на секои 100 лица што се заразени со вирусот, ќе се заразат уште 288 лица.