Познато е дека црешите се сметаат за извонреден извор на минералот бор, кој исклучително поволно влијае на здравјето и квалитетот на коските, и дека ги ублажуваат нервозата и раздразливоста. Но помалку е познато дека консумирањето на ова овошје придонесува и за младешки изглед.
Благодарение на својот состав, црешите можат да ви помогнат во настојувањето да ја забавите појавата на знаци на стареење, како што се брчки, целулит, сува кожа и сува коса и слично.
Тие се добар извор на витаминот А, во облик на бета-каротен, кој има важна улога во многу функции на организмот. Бета-каротенот го подобрува растењето на коските и забите, ја одржува кожата здрава и штити од инфекции. Тој е неопходен и за здравјето на очите и за зачувување на добар вид.