Река од принцези, принцови, пирати, сирени, црвенкапи, спајдермени и многу други маски денеска протече на градскиот плоштад во Кавадарци во рамките на традиционалното одбележување на Денот на шегата.

Во манифестацијата организирана од Домот на културата „Иван Мазов Климе“ зедоа учество учениците од сите основни училишта и детската градинка „Рада Поцева“, кои пропратени со звуците на прекрасните песнички од детските фестивали „Гроздоберче“ и „Ластарчиња“ танцуваа, играа и се смееја.

Цели два часа градскиот плоштад во Кавадарци беше обен во сите бои, украсен со детски насмевки кои ангажирано ги фотографираа родителите и бабите и дедовците. Жири-комисијата навистина имаше тешка задача од повеќе од илјада навистина успешни, иновативни и еколошки маски да ја одберат најдобрата. Од многуте многу добри маски сепак наградата ја доби маската „Кременковци“ на учениците од основното училиште „Димката Ангелов Габерот“ од Ваташа.

M.M.