Пејачот Ален Исламовиќ, во овој период, ги замени музичките со политички ангажмани. Причина за тоа се проблемите со мигрантите со кои се соочуваат жителите на неговиот роден град Бихаќ. Исламовиќ одлучил да му се придружи на градоначалник на Бихаќ и да ја поддржи неговата „Нова иницијатива“.
– Ме прашуваат зошто од безбедната зона на музиката и ширењето на позитивните вибрации на моите настапи сум се одлучил за ваков сериозен чекор. Но јас сакам да им помогнам на граѓаните на мојот роден Бихаќ слободно да шетаат по своите улици, да можат слободно да седат покрај реката Уна, како што беше некогаш – вели Ален Исламовиќ.
Тој додава дека нема ништо против мигрантите, но има против нарушувањето на јавниот ред.
– Јас немам ништо против тие луѓе, но мораат да ги почитуваат нашиот град и обичаи. Наместо тоа, граѓаните на Бихаќ сега мораат да шетаат вооружени и да ги бранат своите домови, а нашите политичари не прават ништо за да ги заштитат – категоричен е популарниот пејач.