Статуата на Џорџ Вашингтон во Портланд беше урната ноќта во пресрет на 19 јуни, празник со кој се одбележува ослободувањето на робовите.
Ова го објави Си-би-ес потсетувајќи дека првиот американски претседател поседувал робови.
Протести во Портланд се одржаа 21. вечер по ред поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на полициско апсење во Минеаполис.
За време на протестот, толпа демонстранти првин ја обвиле бронзената статуа на Вашингтон во американското знаме, а потоа ја запалиле.
Antifa rioters on Sandy Blvd. in Portland draped a US flag over a George Washington statue & set it on fire. They then toppled the statue. “Genocidal colonist” & “f— cops” are sprayed on monument. Rioters have began to build another autonomous zone nearby. pic.twitter.com/TrZkhPK9zp
— Andy Ngô (@MrAndyNgo) June 19, 2020
Демонстрантите потоа на споменикот испишале „1619“ во црвена боја, што е годината во која се верува дека првите африкански робови пристигнале во Соединетите Американски Држави. Статуата потоа била урната од постаментот и оставена да лежи со лицето надолу. Џорџ Вашингтон е првиот претседател на САД и еден од татковците на нацијата, кој ја водел земјата помеѓу 1789 и 1797 година.
Sounds like JC is pretty low-key tonight and I’m gonna be out there tomorrow tweeting for the Mercury, so I’m going to call it an EXTREMELY early night (11:15!). No need to tip tonight. Have a good one, folks.
— Tuck Woodstock (@tuckwoodstock) June 19, 2020
За време на протестите поради смртта на Флојд во САД, но и во други земји, почна бран акции за отстранување споменици од колонијалната ера.
Многубројни статуи на личности од историјата поврзани со робовладетелскиот систем беа отстранети и вандализирани, а уништени се и неколку споменици на истражувачот Кристофер Колумбо.