Клучните британски здравствени службеници се согласија дека опасноста што ја предизвикува болеста ковид-19 треба да биде означена на малку пониско ниво.
„Ројтерс“ пренесува дека Заедничкиот центар за биолошка сигурност препорача предупредувањето за нивото на опасност од ковид-19, кое сега е во трет степен, да се спушти на четврти. Тоа значи дека во иднина би било валидно да се предупреди дека „епидемијата циркулира“, наместо фактот дека постои висок ризик или можност за експоненцијално пренесување на вирусот.
Здравствените власти ја дадоа оваа препорака заснована на фактот дека бројот на нови случаи на инфекција низ целата земја стабилно опаѓа.
– Ова не значи дека пандемијата е завршена. Вирусот сè уште е во заедницата и циркулира, па затоа се можни локални жаришта – се вели во соопштението.
Британскиот министер за здравство, Мет Ханкок, рече дека намалувањето на нивото на опасност од коронавирусот е важен момент за земјата, бидејќи ја докажува нејзината способност да се избори со инфекцијата.
Велика Британија забележа 50.000 смртни случаи предизвикани од коронавирус, што е еден од најлошите исходи меѓу сите земји погодени од пандемијата.