Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе потпише извршна уредба за реформа на полицијата, во моменти кога САД се зафатени со протести против расизам и полициско насилство.
– Крајната цел е да имаме закон и ред и сакаме тоа да се постигне чесно, праведно и сигурно – изјави Трамп нагласувајќи дека во редот на силите на безбедност се повеќе одлични луѓе.
Конгресот исто така ја разгледува реформата на полицијата на државно ниво, иако поголем дел од реформите треба да спроведат сојузните држави и локални влади кои управуваат со свои сили за безбедност, пренесе Ројтерс.
Трамп минатата недела најави дека размислува за вклучување на поголем број социјални работници во работата на полицијата и поставување на национални полициски стандарди.
Протестите во САД траат од 25 мај, кога беше убиен Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис.