На изборите на 15 јули, среда, ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ, потврди на социјалните мрежи опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев претходно денеска кажа дека успеале да постигнат договор.
Мицкоски вели дека двата услови кои ги поставиле се прифатени, односно протоколи за заштита на здравјето на граѓаните и мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните.
– Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ. Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна. Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив – напиша Мицкоски.