Во тетовскиот регион забележани се девет нови случаи со ковид-19. Како што изјави денеска Наим Скендери, специјализант по епидемиологија во Центарот за јавно здравје, шест од новозаболените се од општина Тетово, додека три лица се од општина Желино каде се појавил нов кластер.
Тој кажа дека најмладиот пациент во тетовско со ковид 19 е 4-месечно бебе, а заразено е и 4-годишно дете. Тие се заразиле од своите родители, а случајот е од пред два дена.
– Имаме нов кластер во општина Желино. Повеќето се контакт случаи и можеби ова е добра вест бидејќи кластерите се познати – рече Скендери.
Докторот додаде дека сите тие се изолирани, а нивните контакти ќе бидат испитани.