Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски ознаки се придвижило и удрило во две лица.
Притоа, од здобиените повреди на местото починала 47-годишна струмичанка, додека едно машко лице било пренесено во Медицинскиот центар Кочани за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица Виница.