Новата косовска влада предводена од Авдулах Хоти беше изгласана во Приштина. За новата влада гласале 61 член на косовското собрание.
Мандатарот за состав на новата влада во своето експозе изјави дека нема да ги промовира своите политички цели, туку ќе се обиде да ги зачува пријателствата без кои Косово не може да напредува кон ЕУ-интеграциите, пренесува порталот „Косово онлајн“.
‘ Ние сме нација на која ѝ треба влада која ќе биде во служба на народот, а не да експериментира ‘ рече Хоти.
Тој додаде дека популистичка влада би била штетна за косовското општество.
– Верувам дека можеме да изградиме демократско општество и држава. Ние сакаме да ја зајакнеме соработката помеѓу различни делови на нашето општество. Нашата влада ќе се заснова на тие принципи – изјави Хоти во своето обраќање пред гласањето за избор на новата влада.