ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Л. (53) и А.Л. (47), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Како што информираат од МВР, двајцата во текот на минатата година, во својство на инвеститори и сопственици, на локација во Струга без соодветно одобрение започнале со изградба на објект за домување.
Од извршениот инспекциски надзор било донесено решение со кое на инвеститорите им се наложува да се прекине со изградбата и во определен рок да се усогласи објектот според претходно издаденото одобрение.