Во претходното деноноќие граѓаните од општина Кичево покажаа самодисциплина и не го прекршија полицискиот час, и по две деноноќија, имаше повторно мирна ноќ во овој град, каде моментно не е регистриран ниту еден случај на заболен од ковид-19.
Во истиот период не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби, ниту сообраќајни несреќи.
На ниво на СВР Охрид полициските службеници извршиле 15 контроли врз лица во самоизолација и 69 контроли врз угостителски и други објекти и таму не се регистрирани неправилности.
Вчера во 18 и 10 часот бил нарушен јавниот ред и мир на улица „Методија Стефаноски“ со карање, викање и непристојно однесување од страна на лицето МЦ (47) кон четири лица од Кичево. Нарушителот бил приведен и против него ќе биде поднесена и соодветна пријава.
Во текот на истиот ден ДС (60) пријавил дека бил каснат од куче скитник на улица „Партизански одреди“ во Кичево.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил казнено дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против лицето А.М.(39) од село Другово. Тој на 11.05 во 21 часот бил затекнат на регионалнот пат Македонски Брод-Кичево со моторно возило марка Голф без регистерски ознаки. Полициските службеници констатирале дека тој немал соодветна дозвола издадена од надлежен орган за движење и не ја почитувал мерката за забрана на движење за време на полициски час, со цел спречување на ширење на заразната болест ковид-19. З.А.