Коментирајќи ги последиците од вонредната состојба во земјата, бугарскиот претседател Румен Радев смета дека дел од одлуките на кабинетот биле во спротивност со уставот на земјата.
„Отсуството на соодветни мерки нè присилува да се соочиме со посериозни проблеми: по проблемите со обновувањето на прекинатото производство и услуги, тоа се и порастот на сиромаштијата и нееднаквоста. По тоа сме европски прваци. Ако не можеме да се справиме со овој тренд, ризикуваме да се соочиме длабоки социјални поделби, деградација и сè поголем криминал“, рече Радев на тркалезната маса „Социјалните и економските димензии на ковид 19. Европското искуство и Бугарија“.
Според зборовите на претседателот, Бугарија во споредба со другите европски земји доцни со економското закрепнување и со решавањето на проблемот со невработеноста.
„Ризикуваме да се соочиме со зголемување на емиграцијата и нов демографски колапс“, истакна Радев.