Март се смета за најлош месец за туризмот, кога е регистриран пад од 57 отсто на туристичките пристигнувања по широкораспространетото воведување патни ограничувања и затворањето на аеродромите и националните граници за да се спречи ширењето на вирусот, соопштија од ООН.
Притоа се забележани дури 67 милиони меѓународни патници помалку во периодот од јануари до крајот на март, што доведува до загуба на приходите од околу 80 милијарди долари.
Светската туристичка организација посочи дека изгледите за годинава зависат од тоа колку брзо повторно ќе се отворат меѓународните граници. Според најдоброто сценарио, засновано на олеснување на патните ограничувања на почетокот на јули, меѓународните пристигнувања на туристи може да се намалат само за 58 отсто. Меѓутоа, ако границите и ограничувањата за патувања се укинат дури на почетокот на декември, падот би можел да биде дури 78 отсто.