фото: Зоран Антоски

Откако пред шест години во Кичево целосно беше реконструиран булеварот „Ослободување“ и беа поставени повеќе жардињери, комуналното претпријатие секоја пролет во овие жардињери засадува разни видови на цвеќиња кои ги разубавуваат, како булеварот, така и средиштето на градот. Деновиве вработените на ЈКП „Комуналец“ засилено работат на засадување на нови цвеќиња на овој потег.

– За да го разубавиме центарот на градот и главниот градски булевар, секоја пролет во жардињерите поставени во средиштето на градот, засадуваме повеќе видови украсни цвеќиња. За годинава планираме да засадиме околу 500 украсни цвеќиња, кои нашето претпријатие ги набави од една оранжерија од Скопје. За да бидат во што подобра кондиција овие цвеќиња, во наредниот периот преку системот што е инсталиран на булеварот, секојдневно ќе се наводнуваат и ќе се разубавуваат се до средината на есента кога завршува овој циклус. Засадувањето ќе го завршиме до вторник по што ни преостанува редовното наводнување и одржување на цвеќињата – вели Алија Етемоски од ЈКП „Кпмуналец“.

З.А.