Од вкупно 600 пратенички места во турскиот парламент, 78 ќе им припаднат на припадничките на понежниот пол, покажуваат пресметките врз основа на неофицијалните резултати од предвремените парламентарни избори во Турција, кои се одржаа вчера.
Во 2015 година, во пратеничкиот состав влегоа 74 жени, од вкупно 550 места.
Партијата за правда и развој на Реџеп Тајип Ердоган, обезбеди пратенички мандати за 39 жени на последните избори. Главната опозициска партија, Народна републиканска партија, ќе има 14 припаднички на понежниот пол, а прокурдска Демократска партија на народите – 19.
Само три од пратеничките ќе бидат од Партијата за националистичка акција, а исто толку ќе има Добрата партија. Тоа го говорат пресметките врз основа на неофицијални резултати.