Во услови на пандемија на коронавирус и ограничувањата за социјалното дистанцирање на јавните собири, семејствата користат виртуелни преноси во живо за да ги оплакуваат своите починати, пренесува „Хафингтон пост“.
На погребот на Џонатан Адевуми во нормални околности ќе беа присутни многу роднини и пријатели. Сопственикот на нигерискиот ресторан „Амарачи“ во Бруклин бил еден од најпочитуваните луѓе во неговата заедница, во која многумина му се обраќале со „чичко Џонатан“. Тој го основал нигерискиот филмски фестивал за промовирање на богатата култура на неговото родно место и создал линија за облека чии обожаватели биле актерот Весли Снајпс и пејачот Стиви Вондер.
На 17 април, Адевуми почина од ковид-19. Наместо да организираат живописна прослава на неговиот живот, на која саканите ќе можат да се соберат и да се сеќаваат на Адевуми лично, неговото семејство го организира погребот преку Зум.
Покрај тоа што е преносот бил во живо, погребот бил со ритали на традиционалната служба, започнувајќи со молитва проследена со солист кој ја пеел химната. Гостите се придружиле пеејќи, а потоа наизменично ги споделувале своите сеќавања. Со оглед на големината на настанот, се јавиле околу 500 лица, но тие морале предходно да се пријават за да можат да зборуваат.