Две непознати лица со закана со пиштол синоќа ограбиле спортска обложувалница на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје.
Како што соопшти МВР, синоќа во 21.50 часот двете лица влегле во обложувалницата и со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената А.Н (47) од Скопје при што одзеле околу 36.000 денари.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.