Кит Ричардс, гитаристот на Ролинг стоунс, го продава луксузниот стан во Њујорк, лоциран на славната „Петта авенија“.
Цената на станот, во кој Ричардс со неговата сопруга Пети Хансен живеат од 2014 година, е нешто пониска од десет милиони долари.
Интересно е дека тие веќе две години се обидуваат да го продадат.
Станот се протега на две нивоа и има четири спални соби, четири бањи и три приватни балкони, а во големиот отворен простор е сместена дневната соба и кујната.
За ентериерот била задолжена Шерил Ејсен, дизајнерка која ги уредува домовите на славните.