Во текот на изминатото деноноќие едно лица од Кичево не го почитувало полицискиот час, за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период во општина Кичево во самоизолација се наоѓаат пет лица, а кај три од нив полициските службеници во текот на изминатото деноноќие извршиле контроли и не регистрирале недоследности.
На ниво на СВР Охрид, во истиот период, полициските службеници извршиле и 99 контроли врз угостителски објекти и таму не се регистрирани неправилности.
Во општина Кичево не е регистрирано нарушување на јавниот ред и мир, сообраќајни незгоди, ниту кражби. Продолженото време за граѓаните да можат да пазарат и да се прошетаат, секако даде полн придонес во намалувањето на прекршоците од страна на жителите на Кичево. Исто така радува фактот што во овој град до сега се евидентирани само две лица заразени од коронавирусот, а повеќе од една седмица не е регистриран нов случај на заболен од ковид 19.
З.А.