Поради се почестите слики од граѓани кои не носат заштитна маска Министерството за здравство доставило предлог до Владата казнувањето да почне од утре или најдоцна од вторник. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека забележале различни начини на непочитување на мерката за носење заштитна опрема.
– Некои носат маска под брадата или во рака. Министерството за здравство поради ова ваќе достави предлог санкционирањето за неносење да почне утре или во вторник. Оваа мерка мора да се почитува. Заштитната опрема треба да се носи во затворени простории и на отворено доколку не може да се одржи безбедната дистанца од два метри – рече министерот Филипче.
Тој очекува оваа мерка доколку се почитува, да даде ист резултат како и останатите мерки и да се спречи растот на заболени кој од почетокот на кризата се држи под контрола.