Коронавирусот би можел да предизвика нов кругпрехранбена криза
Глобалната пандемија на коронавирусот ќе предизвика голем шок во меѓународната трговија со храна и би можела да поттикне нова прехранбена криза, предупредуваат кинеските власти.
Ширењето на коронавирусот ги наруши глобалните снабдувачки синџири и ја запре трговијата, откако некои земји го ограничија извозот на клучните житарки и ја зголемија набавката на стратегиски резерви.
– Глобалната епидемија создаде голема неизвесност во меѓународната земјоделска трговија и на пазарите – рече Ју Кангжен, заменик на кинескиот министер за земјоделство.
Според него, ако епидемијата продолжи да се шири и доколку ескалира, последиците во меѓународната трговија со храна и производството на храна дефинитивно ќе се влошат и, можеби, ќе предизвикаат нов круг прехранбена криза.
Цените на нафтата минатата недела паднале за повеќе од 10 отсто
Без оглед што ОПЕК и сојузниците постигнаа договор за намалување на производството, цените на нафтата минатата недела остро паднаа бидејќи инвеститорите стравуваат од пад на побарувачката поради притисокот на коронавирусот врз светската економија.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна речиси 11 отсто, на 28,08 долари.
На американскиот пазар, пак, цената на барелот со испорака во мај падна речиси 20 отсто, на 18,30 долари, додека цената на барелот со испорака во јуни се движи околу 25 долари.
– Со оглед на фактот што во моментот во фокусот е прекумерната понуда, цените во договорите со рок на испорака во мај се многу пониски отколку во договорите со рок на испорака во јуни – појаснува аналитичарот на УСБ Џовани Стауново.
Поголемиот пад на цените на нафтата на американскиот отколку на лондонскиот пазар е последица на големиот раст на резерви во САД.