Грчката влада побара од обвинителството да покрене обвинение против двајца свештеници кои служеле за причестување и покрај забраната, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, објавија грчките медиуми.
Станува збор за свештеници кои вчера давале причест, во присуство на верници, во храмови во Атина и Крф.
Синодот на грчката православна црква, пред неколку дена донесе одлука дека Велигден нема да се слави во недела, туку ноќта на 26-27 мај, поради коронавирусот.