Вчера во 17.00 часот во Полициска станица Прилеп било пријавено дека во гаража на ул.„Никола Карев“ во Прилеп бил пронајден починат М.К.(66) од Прилеп.
– Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека околу 16.30 часот М.К. и неговиот сосед Д.С., започнале расправија, а М.К. го испрскал Д.С. со непозната течност. Потоа М.К. влегол во гаражата и по кратко време, неговата сопруга В.К. забележала чад од гаражата, по што го пронашла М.К. паднат на подот, без знаци на живот. Пожарот бил изгаснат, а од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп – соопшти полицијата.