Ластовици
Реката Вардар подвижна жива сцена на пролетниот танц на ластовиците. Со нивниот лет сме на небото. Небо сино со насмеано сонце. Небо намуртено со насолзени облаци. На небесната сцена – птичји балет, танцуваат мајстори-летачи. Диви и питоми гулаби, патки-пловарки, чапји-ловарки на риба, галеби и понекое јато лебеди. Птичјата свита се буди со изгрејсонце.
На зајдисонце, по капењето во Вардар, во тајните скривалишта спијат за утрешната зора. Човек/человјек, збор составен од ЧЕЛО – со очите да гледа далеку во хоризонтот. И зборот ВЈЕК – човек да векува на земјата.
Сега сме угол сами, додека угол голи во своите мисли. Карантин, или скарантин?! Ни останува добра мисла, надеж – има добри луѓе. До гледање „коронавирус“. Обични сме луѓе со надеж век да векуваме на нашата македонска земја.
Ставре Џиков, публицист