Во Куманово медицинска сестра вработена на Клиниката за пулмологија дошла на работа без симптоми, за вчера, да има зголемена температура и да биде позитивна на коронавирусот.
Министерот Венко Филипче истакна дека во изминативе два дена, медицинската сестра работела со заштитна опрема, но интервјуирани се нејзините колеги кои имала контакт.
– И една медицинска сестра од Куманово, која е на работно место на Клиниката за пулмологија, минатата недела била во резервен тим, без никакви симптоми дошла на работа во понеделникот. Вчера почуствувала зголемена телесна температура, земен е брис, позитивна е на вирусот. Во изминативе два дена, на клиниката била со целосна заштитна опрема и маска и ракавици. Направени се интервјуа со колегите, медицинските сестри и ќе се постапи согласно податоци – нагласи тој.
Четворица вработени во штипската болница, пак, ќе бидат во самоизолација, бидејќи биле во контакт со пациентка на возраст од 80 години, која е позитивна на коронавирус.
– Има пациентка од Штип која била таму примена за првпат на 26 март, првиот брис е негативен и тогаш е пратена на консултација и вратена назад од Скопје. Пациентката има 80 години, се лекувала на Одделението за Инфективни болести, меѓутоа, има влошување на состојбата. На 30 е повторно упатена на инфективната клиника. Тестот е позитивизиран, а заради внимание четири медицински лица ќе бидат во самоизолација, тие се асимтоматски. Направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат во Штипската болница, на Одделението за инфективни болести за да се надокнади персоналот кој ќе биде во самоизолација – посочи Филипче.