Приказни од самоизолациjа
Се разбудив уште пред зори, но не ми се стануваше. Се чувствував како оној рускиот часовник што го гледав секој ден во дневната над витрината. Баба ми го навиваше еднаш неделно. И мене ми треба навивање.
Сѐ што е познато е тука, но некако и не е тука. Ќерка ми по цел ден размислување, реши да не се турка последната ноќ низ аеродромите и остана во Шпанија. Ја гледам секој ден преку камерата од мобилниот, исто како да е тука. Со моите се слушам секој ден. Бодриот глас на мајка ми е како чучулига во лет. Дома е пријатно. Има сѐ. Сѐ е на место. Стојам во дневната и истовремено стојам на работ од светот што го познавам.
Начулена, го насетувам мигот кога ѕидовите ќе почнат нечујно да се расклопуваат, просторот да се згуснува, времето да се тегне како хармоника. И секое нешто, секое најмало делче да се втопува во огромната прегратка. Во огромната прегратка што прегрнува и зад планините, зад сонцето и непрегледното небо.
Светлана Камџијаш, авторка