Полициско возило со кое се превезувале и шест припадници на Армијата излетало од регионалниот пат Богданци-Гевгелија.
Несреќата се случила вчера во 20 часот кај местото викано Лгот, кога патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник Б.Ј. излетало од коловозот.
Во возилото се превезувале и шест припадници на Армијата, кои биле на испомош во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“.
Во незгодата со полесни повреди се здобиле тројца припадници од Армијата, по што биле пренесени во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување на лекарска помош.