Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63-годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата.
Пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на 17 март, без покачена температура, но со наод на белите дробови и бил зависен од кислород.
„Во текот на ноќта нагло се влошува неговата состојба, веднаш е интубиран, ставен на респираторна машина, но во неколку часа неговата состојба дополнително се влошила и пациентот починал. Пациентот немал позната историја на коморбидитет“, соопштија од Министерството.
Ова е втор смртен случај од коронаворус во земјата. Вчера Министерството соопшти дека првата жртва на коронавирусот во земјава е 57-годишна пациентка од Куманово, која починала на 21 март.