Косово

Демократскиот сојуз на Косово, коалициски партнер во владата на Албин Курти, иницира постапка за гласање недоверба на Владата формирана пред месец и половина, соопшти лидерот на ДСК, Иса Мустафа.
Тој рече дека причина се нарушените односи на Косово и на САД поради одбивањето на Курти да ги укине таксите од 100 отсто за увоз на производи од Србија и од Босна и Херцеговина, најавите на американските сенатори за можно повлекување на американската војска од Косово и суспендирањето на програмата на Корпорацијата милениумски предизвик на американската владата.

– Ние не сакаме да бидеме дел од таква влада – рече Мустафа.
Косовскиот премиер Албин Курти го отпушти министерот за внатрешни работи Агим Велиу поради несогласувањата за тоа дали треба да се прогласи вонредна состојба за да се спречи ширењето на коронавирусот, потег што може да ја турне Владата во Приштина само два месеца откако беше формирана.

Во вторникот вечер, косовскиот премиер Хашим Тачи му предложи на парламентот да прогласи вонредна состојба во врска со епидемијата од ковид-19.
Премиерот Албин Курти одговори дека таква драстична мерка не е потребна. Во Косово досега се регистрирани 19 случаи на зараза со коронавирусот.