Масовни тестирања за корнавирус од понеделник ќе се прават во Скопје, а викедов во Струга и околината. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ќе се тестрираат луѓе поврзани со лицата кои сега се позитивни на вирусот и луѓе во делови во кои се движеле заразените.
– Целта на масовните скринизи е да ги уловиме групите луѓе кои можеби и не се свесни дека го имаат вирусот. Тоа не може да се почне нагло, мора да биде со план кој епидемиолозите веќе го работат. Оваа недела може да се почне со Струга и околината поради интензиванта комуникација со Дебар. Од понеделник веројтно ќе може да се почне во Скопје. Ќе се тестриаат лица од делови во кои се движеле пациентите кај кои е веќе потврден вирусот. Се прави план каде тие се движеле географски распоредени во државата. Тестраните мора да имаат некаква индикација, епидемиоллошка врска, со било која група од досега индицираните – рече министерот Филипче и нагласи дека е од исклучителна важност рано да ги откријат новите случаи за да не се случи одеднаш да се преполнат одделенијата за интензивна нега, како што то се случило во Италија.
На располгање во моемнтов министерот вели дека имаат околу 1.500 тестови, за 1.000 тестови во тек е набавка, а очекуваат и донација од 1.000 тестови.
Филипче извести дека досега се направени околу 400 тестови за коронавирус.