Кај две девојки и кај еден 16-годишник е пронајдена марихуана

Полициски службеници од СВР-Скопје на улицата Коста Новаковиќ го привеле В.С. (24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. За истото дело на подрачјето на Бит-пазар, полицијата го уапсила А.Ш. (24) од Скопје. Марихуана била пронајдена и кај лицето В.Р. (21) на улицата Народен фронт. Полицијата го лишила од слобода. Уапсени се уште две лица во Скопје, на улицата Тодор Александров. Полицијата ги уапсила Е.Д. (28) и Е.М. (28), двете од Скопје. На улицата Руѓер Бошковиќ полициски службеници ги лишиле од слобода К.К. (24) и 16-годишник, двајцата од Скопје.
Против сите нив, по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Алкохолизирани возачи во Штип

Секторот за внатрешни работи во Штип спроведе акциска контрола на возачи што управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата, кај 25 возачи било утврдено присуство на алкохол, од кои: 11 во Штип, три во Кочани, еден во Пробиштип, еден во Виница, два во Делчево, два во Берово и пет во Свети Николе. Притоа, сите 25 возачи биле исклучени од сообраќај и на сите им се изречени соодветни санкции. Санкционирани се и 18 други
прекршоци.

Илегално ја преминале македонско-косовската граница

Во близината на илегалниот премин на местото викано Раскрсница, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор во Рогачево ги лишиле од слобода Л.Б. (40) од Р Косово и С.Ј. (50) од Тетово, поради илегално преминување на државната граница од Косово кон Македонија. Двајцата биле приведени во полициска станица, по што биле спроведени во СВР-Тетово за понатамошна постапка.

Фалсификувана патничка исправа на Деве Баир

На граничниот премин Деве Баир, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, од слобода бил лишен Ф.К. (30) од Хрватска, кој поседувал хрватска патна исправа и управувал патничко возило „БМВ 320 Д“, со романски национални ознаки, а при контрола доставил на увид и возачка дозвола издадена од Србија.

Уапсен поради издржување затворска казна

На граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека Ѓ.Г. (41) од Тетово се наоѓал на стоп-листата и бил предмет на потрага од Одделение за потраги, за издржување казна затвор. Тој бил лишен од слобода.