Сопругот на познатата српска композиторка, Марина Туцаковиќ, Александар Радуловиќ сведочеше за долгогодишното пријателство на неговото семејство со Бојан Јовановски – Боки 13, како и за финансиската помош што му ја пружале во повеќе наврати, на професионален и на приватен план, на денешното рочиште за случајот „Рекет“ во Кривичен суд.
Тој истакна дека првообвинетиот Јовановски со нив имал професионална соработка при издавањето на музичко ЦД во 2012 година, што се преточила во пријателство.
Радуловиќ истакна дека на Боки му дал 150 илјади евра при средба во нивниот дом во Белград, на 21 февруари минатата година, за да купи лекови од Милано и гардероба за неговата сопруга Марина Туцаковиќ,
Обвинителството, како доказ, на едно од претходните рочишта презентираше фискални сметки во износ од 148.000 евра од обвинетиот Јовановски, за облека што тој ја купувал во Милано.
Радуловиќ е последен сведок предложен од Јовановски.