Едно од најголемите имиња на електронската дарквејв-сцена, култниот „Бој Харшер“ доаѓа во Скопје. На 4 април, во Младинскиот културен центар, од 22 часот, ќе бидеме сведоци на концерт што ќе донесе сурова енергија, моќни индустриски призвуци и интимни лирики. Концертите на американскиот врвен електронски бенд „Бој Харшер“ ги нарекуваат спектакли што не смеат да се пропуштат, затоа што нѐ носат напред во времето…
Оваа вечер ќе настапи и постиндустрискиот музички проект базиран во Чикаго, САД – „Хајд“. Двојката создава композиции-аудиоколажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудиореференции од поп-културата.
Концертот е во организација на „Ротко бокс енд мјузик“, а билетите се достапни во билетарницата на МКЦ.