Фаворитот на партиските избори на американската Демократска партија за кандидат за претседател на САД, Берни Сандерс, воено би интервенирал против Кина, ако таа го нападне островот Тајван, рекол тој во интервју.
Социјалистичкиот сенатор, кој се противеше на американската војна во Ирак во 2002 година, рекол за американската програма „60 минути“, дека нема да исклучи воено да интервенира во некои случаи, ако биде избран за претседател.
– Се надевам што поретко е можно, но имаме најдобра армија на свет – рекол Сандерс.
Тој детално ги опишал ситуациите во кои би била можна таква интервенција: „Закана за американскиот народ-тоа сигурно. И закана за нашите сојузници“. „Верувам во НАТО“ нагласил Сандерс.
Запрашан за можни воени интервенции на американската војска во одговор на кинески воен напад на Тајван, одговорил „на пример, да“.