Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница за која сметаат дека е посветена на основачот на Рим, Ромул.
Малата одаја со обичен саркофаг долг 1,4 метри и округла камена структура за која се претпоставува дека била олтар, е пронајдена уште на почетокот на минатиот век во стариот римски Форум, но значењето на откритието стана јасно дури по новите ископувања и итражувања.
Алфонсино Русо, директор на Археолошкиот парк Колосеум, рекол дека локацијата веројатно потекнува од 6-от век пред ноата ера и дека е сместена во најстариот дел на градот, кој директно е поврзан со текстовите за местото на кое е погребан кралот на Рим.
– Локацијата е симболична. Тоа сигурно не може да биде гробот на Ромул, туку место на сеќавање, кенофат (почесен споменик, празна гробница подигната за спомен на покојник што умрел надвор од татковината или во војна, а телото не е пронајдено н.з.) – рекол тој за „Ројтерс“.