Играчите што ќе настапат на СП 2018 во Русија заедно вредат околу 12 милијарди долари
Најдобрите светски фудбалери (Нејмар, Меси и Роналдо) вредат повеќе од 9-те најмалку вредни тимови, заедно.
Во фудбалот парите се главни, а Светското првенство (СП) за повеќето претставува добредојдена пауза од неверојатните трансфер-суми. Сепак, кој тим на СП, кое почнува в четврток во Москва, вреди најмногу на пазарот?
Користејќи податоци од сајтот за фудбалски трансфери „Трансфермаркт“, аналитичарите од Холандската банка ИНГ пресметале дека на шампионатот ќе бидат играчи со околу девет милијарди фунти вредност, а Шпанија е со највредниот тим – вреден повеќе од 1,2 милијарда долари, објави Бизнис-инсајдер.
Големите европски и јужноамерикански репрезентации доминираат во чинењето на играчите, додека помалите како Панама и Саудиска Арабија се на дното на листата.
Всушност, според ИНГ, тројца од најдобрите светски фудбалери – Нејмар, Лионел Меси и Кристијано Роналдо – вредат повеќе од 9-те најмалку вредни селекции заедно.
– Некои велат дека на фудбалскиот пазар има голема инфлација и навистина е зачудувачко да се види значителниот раст на тимските цени од претходното СП – изјави Иан Брајт, економист во ИНГ.