Судењето за „Рекет“ ќе продолжи денеска со сослушување на сведоците на Бојан Јовановски – Боки 13.
На претходните рочишта Обвинителството презентираше материјални докази, а беа прикажани и тајните снимки на осудениот Зоран Милески – Кичеец.
Јовановски е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Катица Јанева е обвинета за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а Милески е осуден на три години затвор поради кривиното дело „примање награда за противзаконито влијание“, откако призна дека е виновен на почетокот на судењето, во декември минатата година.