Комуникација меѓу обвинетиот Бојан Јовановски и осудениот Зоран Милевски во „Рекет“ беше призентирана на денешното рочиште.
Во една од пораките Милевски на Јовановски му пишува „Кај Орце сум“, на што Јовановски возвраќа: „Па што ако си?”
„Сашо за еден час ќе излезе од Шутка”, пишува Милевски до Јовановски, а тој одговорил „Не”.
Во натамошниот тек на комуникацијата има и статуси од Фејсбук, кои Јовановски ги испраќа кај Милевски.
– Да не го мислите Боки 13. Чим бара сладолед за доручек ќе го биде – пишува во статусот кој Бојан Јовановски го испратил како принт-скрин кај Милевски, а објавен од Лошото Хуго.
„Ова е крајот”, пишува Јовановски на Милевски, а тој одговара „Ана е заузета цело време”, а потоа Милевски повторно „Избришано”.
„Зошто ја домкна жена му овој урочениов. Катастрофа“, му пишал Јовановски на Милевски.
Во текот на комуникацијата, Милески и Јованоски си разменувале пораки од часовници, кои пак, Јовановски ги споменува во комуникација со извесен „Петар” со кого разговарал за нарачка на истите.
На 12.02.2019 Јовановски испратил фотографија до Милевски од „Тајм.мк“, со вест „СЈО ја руши империјата на Камчев“. На 18.02.2019 имало комуникација меѓу Јовановски и Камчев: „Утре да пројдеш кога ти одговара да пиеме кафе”, на што добива одговор „Важи”.
На 20 февруари 2019, Јовановски му пишал на Милевски: „???, барај ме, хитно”, а добива одговор: „Тука сум, да се облечам“.
– Во однос на вештачењето на мојата „ватс-ап“ со Зоран Милевски, барам да ми бидат доставени сите комуникации. Овде гледаме сензационалистички пораки, нема ништо суштински во нив. Ние ги немаме доказите со комуникациите со Зоран Милевски – рече Јовановски на судењето по презентирањето на пораките со осудениот Милески.