Информацијата дека САД ги повлекуваат своите војници од 15 воени бази на територијата на Ирак се лага, изјави потполковникот Ерл Браун, претставник на Централната команда на американските Вооружени сили (СЕНТКОМ).
Телевизијата „Скај Њуз Арабија“, повикувајќи се на изјава на членот на комисијата за одбрана и за безбедност во ирачкиот Парламент, Али ал-Ганими, јави дека САД почнале да ги повлекуваат своите војници од воени бази во Ирак. Според пратеникот, Американците ќе го ограничеле своето присуство на само две големи бази, во близина на градот Ербил, во северниот дел земјата, и на воздухопловната база Аин ал Асад.