Претставници од десетте основни училишта на територијата на општината Карпош склучија меморандум за соработка со правното лице за постапување со отпад од пакување „Пакомак“ ДОО Скопје, правното лице за постапување со опасен отпад „Друштво за управување со 0 отпад“ ДОО Скопје и со невладината организација за екологија „4 селект“ Скопје.
Со потпишувањето на овој документ се воспоставени целите на меѓусебна соработка, координација и нејзино ефективно реализирање, издигнување на еколошката свест и создавање навики кај децата, родителите и наставниците за селектирано собирање отпад и за негово рециклирање. Тоа во иднина ќе придонесе за почиста животна средина и до одредени придобивки за самите деца, родители и сите засегнати субјекти. Исто така, основна цел на овој проект е едукација на децата и нивна стимулација, како и на нивните родители да носат пластична амбалажа, хартија и ситен електронски отпад во поставените контејнери.
– Поаѓајќи од фактот дека собирањето, селектирањето и рециклирањето на отпадот, правилното постапување со отпадот, за да се имплементираат Законот за отпад и Законот за управување со пакување и отпад од пакување и зачувување на здравата животна средина со согласност со принципите на европските конвенции, како и еколошките принципи на сите инволвирани субјекти, се утврдија договорените цели.
Оваа соработка ќе трае додека има заемна заинтересираност од сите потписнички страни. Целта на овој прв ваков проект во рамките на училиштата во општината Карпош, всушност, е издигнување на свеста за заштита на здравата животна средина, всадување на екокултурата кај децата основци уште од најрана возраст, како и зголемување на хигиената во училиштата – објаснуваат од општината Карпош.
За сите потписници на меморандумот се одредени конкретни активности, кои ќе ги ќе преземат во наредниот период за остварување на целите на соработката.